17 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗИ BMW Series 3 стана хибрид (фото)

И BMW Series 3 стана хибрид (фото)

xi trojka

Уште еден хибрид од „BMW“. Овој пат станува збор за седанот „Series 3“, чија нова модификација го носи името „330е“ и претставува хибрид, чии батерии можат да се полнат од електричната мрежа.

Во погонскиот агрегат на седанот се вклучени 2,0-литарски бензински мотор со 184 КС, електромотор со 88 КС, 8-брзински автоматски менувач и комплет литиум-јонски батерии. Вкупната моќност на возилото е 252 КС и 420 Nm вртежен момент.

xi trojka1

Хибридниот „Series 3“ забрзува од 0 до 100 км/ч за 6,1 секунди, а максималната брзина му е 225 км/ч. Само на електрична енергија седанот може да помине до 40 километри. Комбинираната потрошувачка изнесува од 1,9 до 2,1 л/100 км, што значи дека со полн резервоар и батерии возилото може да помине околу 600 километри.

Моделот има неколку режими кои се оптимизираат за работа на хибридниот агрегат. При вклучувањето на режимот „Max EDrive“ седанот се движи само на електрична енергија со брзина до 120 км / ч, моторот со внатрешно согорување се активира само при нагло притискање на педалот за гас.

xi trojka2

При режимот „Save Battery“, агрегатот се прилагодува така да максимално ја штеди електричната енергија. При поставување на избирачот на трансмисијата на положба „S“, електромоторите и моторот со внатрешно согорување работат со целосна моќност.

Блокот батерии на седанот е лоциран под багажникот, чиј обем е намален од 480 на 370 литри. Сепак инженерите на „BMW“ се категорични дека успеале да ја задржат совршено распределбата на тежината помеѓу двете оски – 50:50.

xi trojka4

Продажбата на хибридниот „BMW Series 3“ ќа стартуваат уште во почетокот на 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП