Битката за „Avolon“ заврши, откако стана јасно дека делот на кинеската воздухопловна и товарна компанија „HNA – Bohai Leasing“, ќе се здобие со компанијата со седиште во Даблин за закуп на авиони во зделка за малку над 2,5 милијарди долари, пишува „Reuters“.
Понудата беше подобра од онаа на „AVIC Capital“ – подружницата на државната „Aviation Industry Corp of China“ која што започна преговори за „Avolon“ пред една година. Давањето на авиони на лизинг привлекува се поголемо внимание и повеќе долари во Азија, а јапонската „Mitsubishi Corp.“ и милијардерот од „Хонг Конг“, Ли Ка-Шинг се меѓу последните инвеститори.
„Bohai“ победи во трката со понуда од 31 долари по акција, или со 1 долар по акција помалку во однос на претходната понуда, но и со премија од 31% од цената на акциите на 13-ти јули. Со вбројување и на долговите, ја одредува вредноста на компанијата од 7,6 милијарди. Долари.
Договорот, кој доби одобрение од Одборот на директори на „Avolon“, се очекува да биде завршен во првиот квартал од 2016-та година.
Битката беше жестока, но со дарежлива награда за инвеститорите на „Avolon“. Компанијата минатата година излезе на берзата со цена на акциите од 20 долари.
„Bohai“ беше принудена да ја зголеми првичната понуда од 26 долари по акција за удел од 20% во јули до 32 долари во следниот месец, откако официјално се појави конкурентна понуда, која подоцна се дозна дека е дојдена од „AVIC Capital“ – подружница на „Aviation Industry Corp of China“.
Во заедничката порака од „Bohai“ и „Avolon“ информираат дека цената од 31 долар, за која се ракуваа и која е помала за 1 долар, ја одразува значајната нестабилноста на глобалните берзи.
Во август „Avolon“, чиј бизнис со давање на авиони на лизинг е меѓу најбрзо растечките во светот, соопшти подобри од очекуваните финансиски резултати. Во вториот квартал компанијата оствари 55,6 милиони долари, што е за 133% повеќе во однос на истиот период од 2014-та година Приходите се зголемија за 38 отсто или до 189,3 милиони долари.