17 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗNissan ќе инвестира 100 милиони фунти во новиот Juke

Nissan ќе инвестира 100 милиони фунти во новиот Juke

niska 333

Сума од 100 милиони фунти ќе инвестира јапонската компанија „Nissan“ за производството на новата генерација „Juke“. Парите се наменети за фабриката во Сандерленд, Велика Британија, каде се произведува и актуелниот „Juke“.

Според официјалната информација од „Nissan“, целосно новата генерација на успешниот компактен кросовер ќе биде подготвена во средината на 2016-та година, а ќе се појави на пазарот кон крајот на истата година.

Инвестицијата во Сандерленд е наменета за модернизација и проширување на објектот, па така ќе бидат отворени 3.400 нови работни места пред крајот на оваа деценија.

Што се однесува до новата генерација на „Juke“, тоа ќе биде изградена на платформата „CMF-B“, користена за „Renault Clio“ и следната генерација на „Nissan Micra“. Засега информациите се ограничени, но се очекува моделот да го задржи оригиналниот дизајн кој го претвори во хит на пазарот. Благодарение на новата архитектура, кросоверот ќе нуди пространа кабина, повисок комфор и поголем багажник. А ова е од големо значење за успехот во овој презаситен пазарен сегмент.

Шпекулациите покажуваат дека уште во почетокот на 2016-та година ќе видиме концептуална верзија на новиот „Juke“, а на крајот на годината ќе биде прикажан и серискиот автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП