18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLenovo Vibe P1 и Vibe P1m - нагласок на автономијата на батеријата

Lenovo Vibe P1 и Vibe P1m – нагласок на автономијата на батеријата

vibe nov lenovo

„Lenovo“ претстави уште два паметни телефони со префиксот „P“, со што ги означуваат уредите кои имаат батерии со голем капацитет. Во склад со тоа „Vibe P1“, т.е. „Vibe P1m“ го следеа истиот концепт, па „Vibe P1“ има батерија од 5000 mAh која е доволна за повеќе од три дена автономија, а „Vibe P1m“ има батерија од 4000 mAh.

„Vibe P1“ како уред од средна категорија, покрај споменатата батерија нуди 5,5-инчен „IPS Full HD“ екран, процесорот на „Qualcomm3“ со осум јадра „Snapdragon 615 SoC“, 2 GB RAM, 32 GB интерна меморија која може да се прошири со „microSD“ картички до 128 GB, 13-мегапикселна задна и 8-мегапикселна предна камера.

Покрај тоа додаден е читач за отпечаток на прст, технологија за брзо полнење на уредот и можност за полнење на други мобилни уреди. Димензиите на телефонот „Vibe P1“ изнесуваат 152,9 x 75,6 x 4,6 – 9,9 милиметри, а пак тежината е 189 грама.

Вториот претставен уред, „Vibe P1m“, има 5-ичнен „HD“ екран, четиријадрен „MediaTek MT6735P SoC“, 2 GB RAM, 16 GB внатрешна меморија која може да се прошири со „microSD“ картички, 8-мегапикселна задна камера, а постои и умерена отпорност на протекување на течност.

„Vibe P1“ на купувачите ќе им биде достапен на почетокот на октомври по цена од 279 долари, додека „Vibe P1m“ во продажба ќе се најде во текот на овој месец по цена од 159 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП