„Skoda“ развива нов кросовер, кој ќе се позиционира како директен конкурент на „BMW X4“ и „Mercedes GLC Coupe“. Тој ќе излезе на пазарот во 2017-та година, тврди весникот „Autoexpress“ кој објави неофицијални слики од моделот и информации за него.
Кросоверот ќе има стреловиден профил наведнат покрив и голем тлото. Моделот на Чесите ќе добие нов информатичко-забавен систем и дигитален инструмент панел.
Во палетата на мотори на автомобилот ќе бидат вклучени бензински и дизел агрегати, кои ќе работат во комбинација како со рачен менувач, така и со автоматски менувач. Околу една година по излегувањето на моделот ќе се појави и хибридна верзија.
Сепак пред тоа сепак, до крајот на оваа година, „Skoda“ ќе го претстави својот голем „SUV“, кој ќе се вика „Snowman“ или „Polar“. Во палетата на компанијата тој ќе заземе место над „Yeti“, а продажбата ќе стартува во почетокот на 2016-та година. Тогаш ќе бидат познати и цените на возилото.
Кросоверот ќе се произведува во фабриката во Квасини (Чешка), каде се составуваат моделите „Roomster“, „Yeti“ и „Superb“. Автомобилот ќе де биде изграден на платформата „MQB“ на „Volkswagen Group“, како ќе се потпира на аграгати со зафатнина од 1,4 до 2,0 литри.
Освен тоа, во „Skoda“ работат и врз буџетски кросовер базиран на „Fabia“, кој ќе биде распореден под „Yeti“ во палетата на брендот. Негови главни конкуренти ќе бидат „Nissan Juke“, „Suzuki Vitara“, „Peugeot 2008“, „Opel Mokka“.
Овој модел исто така ќе е на платформата „MQB“, а ќе добие дополнителни пластични штитници на тркалата и браникот. Моторите ќе бидат позајмени од „Fabia“ – 1,2-литарски бензински мотор со моќност од 110 КС и 1,4-литарски дизел со 105 КС.