12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Економијата ќе расте, но зголемувањето на платите ќе го продлабочи буџетскиот...

ММФ: Економијата ќе расте, но зголемувањето на платите ќе го продлабочи буџетскиот дефицит

mmf38

Економијата ќе расте со 3,2 отсто, кредитниот раст ќе остане стабилен, оценува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во најновиот Извештај по завршувањето на мисијата во Македонија.

Според ММФ за Владата останува приоритет да се зачува макроекономската и финансиската стабилност, но се додава и дека зголемувањето на платите ќе го продлабочи буџетскиот дефицит на четири отсто.

„Потрфлањето во сферата на Данок на додадена вредност (ДДВ) и неоданочените приходи, како и зголемувањето на платите за полициските сили и дополнителни капитални расходи кои се наложуваат со влошената безбедносна ситуација, најверојатно ќе резултира во повисок дефицит од околу 4% од БДП во 2015, во споредба со таргетираните 3,4 % во буџетот“, се вели во Извештајот на ММФ.

Понатаму се потенцира и растот на јавниот долг. Македонија влезе во глобалната финансиска криза со една од најниските стапки на јавен долг во земјите во Европа, сепак од 2008 година јавниот долг има растечко темпо.

„Ќе бидат потребни дополнителни мерки за да се оствари поставената цел со ребалансот на буџетот за 2015 година, вклучувајќи ги и наплатата на заостанатите даноци и кратењето на трошоците на планираното зголемување на стоки и услуги. Плафонот на планираниот долг од 60 отсто од БДП да биде надополнет со понизок оперативен праг или должничката кочница да создаде соодветен простор за фискалната политика да биде во состојба да им се спротивстави на макроекономските и демографски шокови“, се констатира во Извештајот.

Понатаму од ММФ препорачуваат во сегашниот фискален контекст Народната банка да биде подготвена да започне со затегнување на монетраните услови.

„Потребни се структурни реформи не само за да се одржи макероекономската стабилност, туку таа да продолжи, а за тоа се потребни натамошни напори за да се обезбеди полесен пристап до кредити за фирмите, да се скрати доцнењето во наплатата на парични средства“, се вели во Извештајот од ММФ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП