27 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 04.09.2015

Дневен хороскоп 04.09.2015

zodiak

oven1

 

Овен (21.03 – 20.04)

Доколку сте приватник, работите почнуваат да се подобруваат. Денес ве очекува поголем финансиски прилив. Ако сте осамени, денес ќе стапите во контакт со една личност родена во воздушен знак. Пред да влезете во нова врска, добро распрашајте се. Можно е личноста да е зафатена. Тоа секако нема да ви одговара и добро е навреме да се повлечете.

bik1

 

Бик (21.04 – 21.05)

Денес ќе ја анализирате ситуацијата од изминатиот период и ќе се обидете да ги поправите грешките кои сте ги направиле во минатото. Не оптоварувајте се и не барајте нешто што не постои. Сите потези ви се добри и така треба да продолжите. Ако имате сопствен бизнис, денес е можен разговор со личност која се наоѓа на функција и која ќе ви помогне да добиете една голема работа.

bliznaci1

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Што и да се случи во фирмата во која сте вработени, ќе биде за ваше добро. Ако сте невработени или сакате да ја смените работата, денес ќе добиете голема шанса за вработување. Не премислувајте се, прифатете ја можноста и оставете го минатото зад себе. Расположението ви е на високо ниво и ништо не може да ве вознемири.

rak1

 

Рак (22.06 – 22.07)

Ве очекува зголемен број на клиенти и на нови понуди. Бидете трпеливи и искористете ја шансата што ви се нуди. Денес очекувајте и поголем финансиски прилив. Доколку работите хонорарно, освен исплата на хонорарот очекувајте и нова можност за работа. Ако сте осамени, ќе морате да причекате уште некој период за да ја пронајдете својата сродна душа.

lav1

 

Лав (23.07 – 22.08)

Бидете внимателни и одбегнете ги соработниците во знакот на Девица и Стрелец. Соработката со нив ќе ви биде тешка и ќе ви донесе непотребни нервози. Деконцентрирани сте и размислувате за се освен за тоа што треба да го направите. Но, денес среќата ќе биде на ваша страна и ќе успеете да се извлечете.

devica1

 

Девица (23.08 – 22.09)

Ако сте невработени, денес може да бидете повикани на разговор во една голема и стабилна фирма. Бидете природни и не обидувајте се да ги импресионирате. Само така ќе успеете да ја добиете долгоочекуваната работа. Доколку сте осамени, можно е да дознаете нешто за личноста што ви се допаѓа. Сознанието ќе ве разочара и полека ќе почнете да се откажувате.

vaga1

 

Вага (23.09 – 22.10)

Ве очекува стабилен период во полето на работа. Денес е можно да бидете повикани на разговор во кој ќе ви биде предложено унапредување. Ова ќе дојде толку ненадејно што ќе ве остави без зборови. Вие сакате да размислите за се пред да дадете конечен одговор, но во овој случај прифатете без размислување. Вакви шанси ретко се добиваат.

shkorpija1

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денес ќе имате успешен ден. Ќе добиете можност да решите некои проблеми во врска со работата кои долго не сте можеле да ги решите. Доколку имате сопствен бизнис, денес ќе имате неколку разговори кои ќе бидат многу поволни за вас и за идните планови. Денес е можен и поголем прилив на средства кои ќе ги употребите за патување.

strelec1

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Ако до сега избегнувавте да правите радикални зафати, денес ќе морате да се соочите со натрупаните проблеми. Проблемите кои ве притискаат можат да предизвикаат конфликти со колегите. За вас е најдобро да се воздржите и да не реагирате затоа што реакцијата само ќе ви ја одземе енергијата, а резултатот ќе изостане. Денес ќе имате мала добивка, која не е доволна да ги покрие трошоците кои ги имате.

jarec1

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Денес ќе бидете повикани од претпоставениот на разговор. Бидете мирни и трпеливи и не отфрлајте ги сугестиите кои ви се даваат. Она што ќе ви биде предложено е за ваше добро и затоа прифатете го и не отфрлајте го пред добро да размислите. Концентрацијата не ви е најдобра, но тоа ќе го надминете со упорност и успехот нема да изостане.

vodolija1

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Време е за нови почетоци и промени во врска со работата. Доколку сте вработени, денес очекувајте разговор во врска со некој нов проект. Можеби малку ќе ви биде напорно тоа што ви е предложено, но не откажувајте се. Работата што ви се нуди може да ви донесе успех.

riba1

 

Риби (20.02 – 20.03)

Будно следете ги сите шанси што ви се нудат и не ги пропуштајте. Ако имате сопствен бизнис, денес е можно потпишување на нов договор кој ќе ви донесе големи можности во идниот период. Во текот на денот ве очекува финансиска добивка. Денес и во наредните неколку дена ве очекуваат повеќе исплати кои ќе ви овозможат да остварите некои планови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП