2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAlcatel претстави гигантски таблет

Alcatel претстави гигантски таблет

a catel

Францускиот производител на електроника „Alcatel“ претстави доста нестандарден таблет во лицето на моделот „OneTouch Xess“.

Тој е со големина на екранот од цели 17,3 инчи и со резолуција од 1.080 x 1.920 пиксели. Уредот располага со држач, кој му овозможува да стои на 30, 50 и 70 степени, во зависност од изборот на корисникот.

a catel2

Огромниот таблет има некои интересни карактеристики, како двојни звучници „JBL“ со моќност од 3 вати, како и пенкало кое може да се користи. Таблетот ќе може да се снаоѓа со гестови (што ја елиминира потребата од физички допир на екранот).

„„Xess“ е еден од нашите омилени производи, бидејќи е во голем формат, ориентиран кон семејството со можност за употреба дома или на работа“, коментира Стен Ху од „Alcatel“ за време на презентацијата на уредот на саемот во Берлин.

a catel1

Во однос на останатите технички карактеристики, таблетот се одликува со осумјадрен процесор од „MediaTek“ со фреквенција од 1.5 GHz, како и 2 GB RAM меморија. Внатрешната меморија е 32 GB, а истата може да се прошири со мемориска картичка. Батеријата е со капацитет од 10.000 mAh, а пак дебелината на таблетот е едвај 9.15 мм.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП