18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault претстави пик-ап за 2016-та година (фото+видео)

Renault претстави пик-ап за 2016-та година (фото+видео)

alaskan01

Францускиот производител „Renault“ го претстави концептот „Alaskan“ со кој најавува влез во сегментот на пик-ап возилата од средна класа.

„Renault Alaskan“ е конструиран како „double cab“ верзија, со два реда седишта и отворен дел за товар.

alaskan02

Иако во соопштението тоа не е прецизирано, се очекува возилото да ја позајми механичката платформа од моделот „Nissan Navara“, на кое и визуелно наликува.

На предниот дел доминира маска со голем „Renault“ знак во средината, додека пак во фаровите се вградени „LED“ дневни светла по примерот на „SUV“ моделот „Kadjar“.

alaskan03

„LED“ технологијата е употребена и на стоп светлата, а концептот е поставен на алуминиумски бандажи од 21 инч.

„Renault“ наведува дека под хаубата се наоѓа четирицилиндарски „twin-turbo“ дизел мотор.

alaskan04

Производителот се уште нема откриено повеќе технички детали, но соопшти дека погонската единица е превземена од семејството на возилата „Master“.

Кога станува збор за занимливостите кои често ги заобиколуваат ваквите концепти, „Renault“ сподели дека во куќиштето на надворешниот ретровизор се наоѓа камера која служи за снимање пејсажи, со оглед на тоа дека очекуваат едно вакво возило често да се движи низ живописни предели.

alaskan05

Елиминирана е и дилемата за серискиот модел. „Renault“ соопштува дека продукциската верзија се очекува во првата половина од 2016-та година.

Возилото нема да биде ограничено само на „double cab“ верзија, на купувачите ќе им бидат понудени неколку каросериски конфигурации, а носивоста на товарниот простор ќе изнесува до 1.000 килограми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП