1 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНа крајот на месецот Google ќе претстави два нови смартфони

На крајот на месецот Google ќе претстави два нови смартфони

neksi 30599

„Google“ ќе претстави два нови паметни телефони од серијата „Nexus“ на 29-ти септември во Сан Франциско. Според изворите на онлајн изданието „CNET“ станува збор за компактен модел произведен од „LG“ и предводник кој овој пат ќе е дело на „Huawei“.

На овој начин „Google“ ќе ја почитува традицијата да ги менува производителите кои ја произведуваат врвната верзијата на новите „Nexus“ уреди. Тие ќе го користат новиот „Android 6.0 Marshmallow“ во најчиста форма без дополнителни инсталации од производителите или операторите.

„Huawei“ за првпат ќе е производител на уред од серијата. Компанијата се надева дека тоа ќе привлече повеќе внимание кон неа, поради тоа што таа сака да ја зголеми својата популарност во САД и Европа. Партнерството со „Google“ дефинитивно ќе ја даде оваа можност.

Според онлајн изданието „Android Police“, моделот на „Huawei“ најверојатно ќе користи 5.7-инчен екран со резолуција 2.560х1.440 и процесор „Qualcomm Snapdragon 810“. Телефонот на „LG“ пак ќе се потпира на 5.2-инчен „Full HD“ дисплеј и процесор „Snapdragon 808“.

За сега ниту „Google“, ниту двата производители не дадоа коментар на оваа тема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП