27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei прв покажа смартфон со Force Touch технологија

Huawei прв покажа смартфон со Force Touch технологија

mate 33

На стартот на саемот за потрошувачка електроника во Берлин водечкиот кинески производител Huawei претстави два нови уреди – првиот паметен часовник на компанијата и последниот модел паметен телефон од серијата „Mate S“.

Смартфонот е со дисплеј со технологијата „Force Touch“, која се очекува да е најголемата новина кај новиот „iPhone“ на „Apple“. Оваа технологија им овозможува на корисниците да извршуваат различни операции преку различната сила на притисок на екранот.

mate 34

Тој се одликува исто така со нов отпечаток, кој не само што го отклучува смартфонот, туку и го прави трансферот на пари побезбеден.

Смартфонот е со голем 6-инчен дисплеј со резолуција од 1080 пиксели и е направен од „вистински метал“, според компанијата. Односот дисплеј кон телото е 83%, што го прави релативно компактен за големината. Дебелината му е 7,9 мм. Уредот го користи процесорот на компанијата, поточно осумјадрениот „Kirin 925“.

Батеријата му е со исклучителен капацитет од 4.100 mAh. Над 100 од најпотребуваните апликации веќе се оптимизирани за чипот на компанијата, за да штедат меѓу 20 и 50% од батеријата. Задната камерата на смартфонот е 13-мегапикселна на „Sony“. Смартфонот ќе се нуди по цена од 499 евра за верзијата со 2GB RAM меморија и 16 GB внатрешна меморија.

mate 35

Во однос на паметниот часовник на компанијата, тој ќе е со резолуција од 400х400 пиксели и 286 точки по инч. Ќе располага со сензор за срцев ритам, а неговата цена ќе се движи меѓу 399 и 699 евра, во зависност од спецификациите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП