5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОфицијална премиера на новиот смартфон Sony Xperia Z5 (фото+видео)

Официјална премиера на новиот смартфон Sony Xperia Z5 (фото+видео)

sonce 00

„Sony“ официјално го претстави својот нов паметен телефон „Xperia Z5“ за време на прес-конференција во Берлин два дена пред почетокот на саемот „IFA 2015“. Една од верзиите на телефонот ќе располага со „првиот 5,5 инчен 4К екран“.

sonce 01

Ако ова ви звучи збунувачки, бидејќи веќе на пазарот има телефони со такви димензии на екранот и 4К резолуција, не сте единствените. Тврдењето на „Sony“ е базирано на фактот дека резолуцијата на екранот е 3.840х2.160 пиксели, која е доста поголема од повеќето модели кои користат панели со резолуција 2.560х1.440 пиксели. Општо земено „4К“ станува повеќе во маркетинг алатка, а не во конкретен показател и секој го користи кога резолуцијата на екранот е над „Full HD“. Во случајот, барем според некои толкувања на „4К“, екранот на „Z5“ всушност е таков.

Моделот, кој ќе користи екранот е „Z5 Premium“ и за сега е единствен на пазарот со таква резолуција. Пиксел густина е 806 ppi. Стандардниот „Z5“ ќе располага со 5.2-инчен „Full HD“ екран од „Z3“ и „Z3 +“. Моделот „Z5 Compact“ пак ќе има 4.6-инчен „HD720p“ екран.

sonce 02

И трите телефони имаат процесор „Qualcomm Snapdragon 810“, 32 GB внатрешна меморија. „Z5 Premium“ има батерија со капацитет од 3.430 mAh, „Z5“ – 2.900mAh, a „Z5 Compact“ – 2.700 mAh, а според „Sony“ секој уред може да издржи до два дена без полнење. „Z5 Premium“ има и 3GB RAM меморија, додека другите два телефони располагаат со 2GB RAM.

Смартфоните користат и најдобар сензор за вградените камери на компанијата – „Exmor RS“, кој е со 23 МР. За сега „Sony“ ќе го нуди овој сензор само за своите телефони од палетата „Xperia“. Според компанијата, тој има и најбрз автофокус на пазарот – 0.03 секунди. И трите модели можат да снимаат „4К“ видео записи.

sonce 03

Оперативниот систем на телефоните е „Android 5.1.1“, а ќе бидат обновени и до „Android M“, кога новата верзија ќе биде подготвена. Интерфејсот е речиси стандарден за „Android“ со минимални промени во боите и иконите. На располагање се и сензори за отпечатоци, а куќиштето на телефоните е водоотпорно. „Z5 Premium“ ќе почне да се продава од ноември, а другите два модели од октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП