3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДЗС: Во второто тримесечје слободни 6.747 работни места

ДЗС: Во второто тримесечје слободни 6.747 работни места

job

Според податоците на Државниот завод за статистика во второто тримесечје од годината во Македонија има 6.747 слободни работни места, наспроти 452.291 вработени лица.

Највисока стапка на слободни работни места има во секторот З-Објекти за сместување и сервисни дејности
со храна и изнесува 3.36%, додека најмала е стапката во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас,
пареа и климатизација каде што изнесува 0.12%.

Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места која
изнесува 2.19%.

Југозападниот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2.50%.

Најголем број на слободни работни места, односно 2 306, има во петтата група на занимања – Работници во
услужни дејности и продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП