17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИXiaomi открива уште еден фронт во битката со Apple и Lenovo

Xiaomi открива уште еден фронт во битката со Apple и Lenovo

Xiaomi-Mi-Notebook-Release-date-and-specifications

„Xiaomi“ планира да го претстави својот прв лаптоп во почетокот на следната година, пишува „Bloomberg“, повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање. Ваквиот чекор ќе отвори нов фронт во битката на кинеската компанија против „Apple“ и „Lenovo Group“.

Лаптопот на „Xiaomi“ може да биде пуштен во продажба во првиот квартал од 2016-та година за да се натпреварува со „high-end“ компјутерите, како „MacBook Air“ на „Apple“ и „ThinkPad“ на „Lenovo“, дополнуваат изворите кои посакале да останат анонимни.

Кинеската компанија спровела разговори со „Samsung Electronics“ за снабдување на чипови, а овој договор може да биде проширен и да почне да вклучува дисплеи за уредите.

Само пет години по основањето, „Xiaomi“ е рангиран меѓу првите играчи во индустријата со смартфони, така што произведува стилски уреди со премиум компоненти и ниски цени. Со доаѓањето на пазарот на персонални компјутери, компанијата може да изврши притисок со цената врз лидерите во индустријата „Lenovo“, „Hewlett-Packard“ и „Apple“.

Доставувајќи компоненти на „Xiaomi“, кој е четврт по големина производител на паметни телефони, „Samsung“ ќе може да го охрабри сопствениот бизнис со компоненти и да ја намали зависноста од сопствените уреди од серијата „Galaxy“.

Истовремено „Xiaomi“ се обидува да си најде место на пазарот кој брзо се намалува. Во август „IDC“ предвидува дека оваа година ќе има 8,7% пад во продажбата на персонални компјутери и не очекува враќање кон растот до 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП