10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTesla конечно го откри Model X (фото)

Tesla конечно го откри Model X (фото)

x tesla model4

Производителот „Tesla“ објави на официјалниот сајт онлајн-конфигуратор за клиентите кои веќе направиле пред-нарачки за кросоверот „Model X“. На него е обелоденет изгледот на возилото, неговата цена, како и техничките карактеристики.

x tesla model

Во моментов на конфигураторот е прикажана само максималната верзија – „Signature“ која прва ќе се појави на пазарот. Таа е со моќност 772 КС во која доаѓаат два електромотори од 262 КС на предната оска и 510 КС на задната. Тие се напојуваат од комплет литиум-јонски батерии со капацитет од 90 kW / h. Во оваа модификација, електричниот кросовер ќе може да забрзува од 0 до 100 км/ч за 3,8 секунди, како и да развие максимална брзина од 250 км/ч. Со едно полнење возилото ќе поминува 386 километри.

x tesla model3

Верзијата „Signatute“ добила „паметно“ воздушно потпирање, кое се прилагодува во согласност со навигацијата, модерен аудио систем, втор ред седишта со 3 места кои можат да се регулираат независно едно од друго, трет ред седишта со две места, парктроник и греење на седиштата.

x tesla model2

Како опции се нуди систем за влечење на приколка со максимална тежина од 2,3 тони, загревање на воланот, како и дополнителен систем „Ludicrous Mode“. Тој чини 10.000 долари, а го менува подесувањето на електромоторите и го намалува времето за забрзување до 100 км/ч од место за 3,2 секунди.

x tesla model1

Во САД цената на „Tesla Model X Signature“ варира помеѓу 132.000 и 144.000 долари. За да биде купен кросоверот, клиентот мора да остави аванс од 40.0000 долари. За споредба депозит за стандардниот модел е 5.000 долари. Општо земено верзијата „Signature“ чини околу 25.000 повеќе од вообичаениот модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП