29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКрај на партнерството помеѓу Volkswagen и Suzuki

Крај на партнерството помеѓу Volkswagen и Suzuki

suzuki-volkswagen

Меѓународниот арбитражен суд, кој е дел од Меѓународната трговска комора, пресуди за официјално завршување на партнерството меѓу германскиот произведувач на автомобили „Volkswagen AG“ и јапонскиот „Suzuki Motor Corp“, пренесоа светските агенции.

Според судската одлука, „Suzuki“ ќе реоткупи за 3,3 милијарди долари удел од 19,9% во сопственост на „Volkswagen“.

„Suzuki“ одлучи во 2011-та година да го раскине партнерството, обвинувајќи го „Volkswagen“ кршење на договорот склучен во 2009-та година. Германскиот концерн сепак одби да продаде 19,9% од акциите на јапонскиот производител и така случајот дојде до арбитражниот суд.

Своевремено „Volkswagen“ стекна дел од „Suzuki“ за 22,5 милијарди јени (2,5 милијарди долари, според тогашниот курс, или 1,87 милијарди долари по сегашниот курс) и стана најголем акционер. Претставници на јапонскиот производител сепак најавија дека германскиот концерн не го почитува договорот и се однесува со јапонскиот партнер како со подружница.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП