18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИШест производи од Sony освоија EISA награди

Шест производи од Sony освоија EISA награди

snagrada55

Вкупно шест од широката палета на производи на Sony беа наградени од EISA (European Imaging and Sound Association) – најголемата организација на магазини за потрошувачка електроника од 22 земји.

Како организација која ужива голема доверба, EISA е позната по својата стручност за анализа и оценка на различен асортиман на производи, а наградите кои ги освои Sony ја потврдуваат континуираната посветеност на компанијата за креирање на иновативни и квалитетни производи со одличен стил.

Најдобар звучник во вид на подлога за телевизор во Европа за 2015-2016 година: Sony HT-XT3

snagrada3

Звучникот HT‐XT3 во вид на подлога за телевизор нуди извонреден квалитет на звукот, повеќе опции за вмрежување и тенка, стилска кутија којашто може да издржи телевизори со големина на екран до 65 инчи и тежина до 50 кг. Високиот квалитет на звукот го обезбедуваат коаксијални звучници со конуси обложени со стаклена волна и високотонец со централна купола, додека за моќниот бас се задолжени два вуфери. Можностите за поврзување се одлични, вклучувајќи и HDMI, мрежен кабел, Wi‐Fi, USB, Bluetooth, NFC и компатибилност со Google Cast. Подржани се форматите за звук во висока резолуција како што е Dolby TrueHD, DTS‐HD Master Audio, FLAC, WAV, а освен тоа, HT‐XT3 може да биде дел од поширок звучен систем за повеќе простории, кој се контролира со SongPal апликацијата од Sony.

Најдобар дизајн на ТВ во Европа за 2015-2016 година: Sony KD-65X9005C

snagrada4

Не се случува така често некој телевизор да ве воодушеви уште пред да биде вклучен, но моделот 65X9005C од Sony ова го постигнува со својот извонреден стил. Овој телевизор со екран од 65 инчи има исклучително тенок дизајн со само 4.9 мм во најтенкиот дел. Моделот доаѓа со иновативно решение за поставување коешто го поставува телевизорот до самиот ѕид, благодарение на вертикалниот систем за проток на воздух од Sony, додека оние што ќе одлучат да го постават 65X9005C на подлога може да одберат помеѓу повеќе различни држачи за поставување со тенок алуминиумски дизајн. Освен изгледот, овој модел нуди 4K Ultra HD екран заедно со уникатната Triluminos Display технологија од Sony за богати бои и јасни, впечатливи слики, додека Android TV ги содржи сите опции што му се потребни на еден софистициран телевизор за дома.

Најдобар професионален систем во категорија компактни фотоапарати во Европа за 2015-2016: α7 II

snagrada

Моделот α7II е full frame компактен фотоапарат со вистински професионален квалитет во лесно куќиште. Со full frame сензор со 24 мп, овој модел нуди висок динамичен опсег во комбинација со низок шум при високо ISO подесување, а брзиот хибриден систем за автофокус нуди брзо и прецизно фокусирање. Магнезиумското тело и новиот држач целосно го менуваат чувството и ракувањето со овој фотоапарат во споредба со претходникот. Вградената стабилизација со 5 оски ви дава исклучителна предност кога фотографирате со апаратот во рака, особено за фотографии одблизу и при подолга отвореност на блендата. Сето ова го прави моделот α7II сериозна алтернатива за full frame DSLR.

Најдобар компактен фотоапарат за патување во Европа: Sony Cyber-shot DSC-HX90/V

snagrada1

Моделот Cyber‐shot DSC-HX90/V е најмалиот компактен фотоапарат со супер зум и вграден електронски визир. ZEISS Vario‐Sonnar T* објективите нудат моќен опсег од 24‐720мм кој што покрива цела низа ситуации при патување. Електронскиот визир дозволува фотографирање, особено важно при силна светлина. ЛЦД екранот се врти за 180° дозволувајќи креативност при фотографирање од повеќе различни агли. Со овој фотоапарат може да снимате со 1080/60p во висок квалитет и лесно да споделите преку Wi‐Fi и NFC, додека моделот HX90V дополнително има вграден GPS. Ова е одличен фотоапарат за патување со џебна големина кој може да го земете секаде.

Најдобри објективи за компактен систем во Европа: Sony FE 90mm F2.8 Macro G OSS

snagrada2

Sony FE 90mm F2.8 Macro G OSS е веројатно најдобриот објектив од овој тип, којшто ги дава можеби најдобрите резултати што EISA експертите некогаш ги сретнале. Сликите се неверојатно јасни, дури и на самите краеви при максимална отвореност на блендата и имаат минимална дисторзија или хроматска аберација. Нивото на контраст креира одлични слики и при f/2.8 создава одлично рендериран бокех, со суптилни градации во тонот, благодарение на заоблените листови на блендата. Со цврста градба, тивко фокусирање и ефективна оптичка стабилизација, ова се објективи со највисок квалитет.

Најдобар паметен телефон за мултимедија во Европа: Sony Xperia™ Z3+

snagrada5

Телефонот Sony Xperia Z3+ нуди уникатна комбинација на стилски дизајн, разновидност и цврстина. Овој тенок паметен телефон кој е широк само 6.9 мм не е само отпорен на вода и прашина, тој доаѓа со напредни способности за одлична фотографија, остро 4К видео и звук во висока резолуција. Новата широкоаголна предна камера со 5 мп ќе ви овозможи да направите импресивни групни селфи-ја, додека карактеристиките на главната камера ги подобруваат перформансите при слаба светлина и овозможуваат побрзо процесирање. Аудио делот е целосно компатибилен за содржина во висока резолуција. А најдобро од се, Sony успеа да создаде батерија која може да трае до два дена со стандардно користење.

snagrada022

Sony е водечки производител на аудио, видео, игри, комуникациски уреди и производи за информатичка технологија како за потрошувачи, така и за професионалци. Преку музиката, сликите, компјутерската забава и онлајн бизнисите, Sony е единствено позициониран да биде еден од светските водечки потрошувачки брендови. Sony забележа консолидирани годишни приходи од 68 милијарди долари за фискалната година која завршува на 31 Март, 2015. За повеќе информации посетете го www.sony.net.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП