12 мај, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНов стартап цели да направи мешаница во индустријата на смартфони

Нов стартап цели да направи мешаница во индустријата на смартфони

startap

Заситениот пазар на смартфони ги тера помалите производители да внесуваат уникатност во своите производи, се со цел да успеат.

Следниот пример за тоа е европскиот стартап „Wileyfox“. Тој ќе се обиде да им понуди уреди на корисниците во Европа, со цел во поголема мера да ги заштитат нивните лични податоци, но со пониска цена.

Со оперативниот систем „Cyanogen“, базиран на „Android“, двата модели кои ќе излезат на пазарот во октомври, ќе им дадат многу слобода на корисниците да ги персонализираат своите смартфони. Тие нема да се натоварени со безброј непотребни апликации кои само ги црпат ресурсите на уредите без корисниците да уживаат во нив.

Во исто време смартфонот ќе спроведува строга контрола врз апликациите, кога ќе сакаат пристап до податоци. Новите смартфони ќе ги препознаваат и „досадните“ повици од трговци кои нудат некаква стока, кои ги насочиле своите напори од фиксната телефонија кон мобилните уреди. Благодарение на базата на податоци на речиси 1,7 милијарди броеви, корисниците ќе знаат дека повикот е од таков трговец уште пред да воспостават контакт, коментираат од европската компанијата.

startap1

Смартфоните ќе имаат и друга уникатна карактеристика – „LiveDisplay“ која ќе ги прави дисплеите поживописни при промена на светлината.

„Wileyfox“ ќе пушти на пазарот два модели во октомври, првиот од нив – моделот „Swift“ ќе е со цена од 179 евра, а вториот – „Storm“ ќе чини 279 евра.

„Нашите уреди се насочени кон штедливите корисници кои ја вреднуваат индивидуалноста и не сакаат нивните податоци да бидат достапни без контрола“, коментира Ник Муир, шеф на „Wileyfox“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП