10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИсламското банкарство пристигна во Франција

Исламското банкарство пристигна во Франција

89437672055d4aa76c6bea119570985_w640

Првата агенција за исламско банкарство, која го почитува иламскиот шеријатски закон, забранувајќи ги шпекулативните инвестиции и камати, е отворена во Франција.

Станува збор за старт ап компанија за исламското банкарство „NoorAšur“ која, освен агенцијата во регионот на Париз, има намера да отвори уште двасетина ширум Франција, пренесува весникот Фигаро.

Овој тип на банкарство кој го почитува исламскиот шеријатски закон, ги забранува шпекулативните инвестирања и каматите. Забрането е инвестирање кое се смета за штетно за општеството (во цигари, алкохол, оружје, порнографија, коцкање).

При купувањето на недвижнини се влегува во партнерство со купецот. Тој и банката заедно го купуваат станот, а купецот потоа во месечни рати и го отплаќа на банката станот и го зголемува својот удел во сопственоста.

Ратата се состои од фиксен износ за откуп на сопственоста, а другиот дел е наемнина за преостанатиот дел од сопственоста.

Агенцијата „NoorAšur“ е основана во 2012 година и до сега нудеше услуги само преку интернет.

Вредноста на досегашните штедни влогови на агенцијата изнесува седум милиони евра.

„NoorAšur“ нуди алтернатива за конвенционалното финансирање. Исламското финансирање не е резервирано само за муслиманите туку за сите кои сакаат да инвестираат, штедат или да се осигураат, се наведува во соопштението.

„Исламското банкарство е одговорно, нешпекулативно и етичко финансирање, кое не разликува боја на кожата, ниту религии“, се додава во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП