22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСТРАВ: Кинеската берза ја „тресе“ Европа

СТРАВ: Кинеската берза ја „тресе“ Европа

berza kina 39

Падот на акциите во Кина, и одлуката на американската централна банка (FED) во септември да ја зголеми референтната каматна стапка, доведоа до вистински земјотрес на европските берзи.

Берзите во Европа вчера се отворени со пад на акциите, а германскиот индекс „ДAX“ и францускиот „KAK“ забележаа најлош месец за последните четири години.

Пад на вредноста

По започнување на тргувањето, индексите „ДAX“, „KAK“ и „ЕуроСтох 50“ ослабеа во распон од 0.5 до 0.6 проценти, пренесува „Ројтерс“. Поштедени се само британските пазарни капитали, затоа што вчера биле затворени поради државен празник. Горе споменатите три индекси, од кои секој во август изгубија по 9 проценти од вредноста, се на пат да евидентираат најлоши месечни резултати за последниве четири години.

„Берзите ќе продолжат да се тресат и во блиска иднина. Кина е катализатор на се, но вистинската причина за падот е нервозата поради американското зголемување на референтната каматна стапка“, наведува Коен де Леус, економист од „КБЦ“.

Кинеските акции повторно имаат период на нестабилност. Индексот „CSI300“ падна за 0.7 проценти, што беше и стабилизација по падот од четири проценти во еден момент. Само во август индексот падна 11.8 проценти. Индексите на Шангајската берза исто така паднаа за 0.8 проценти за ден, или вкупно 12.5 проценти за цел месец.

Инаку, кинеските власти решија на свој начин да се занимаваат со берзата, па привеле 197 лица поради ширење гласини преку интернет за неодамнешниот пад на индексот на повеќето кинески берзи, како и ширење податоци за бројот на погинати во градот Тјанцин.

Апсење поради паника

Меѓу другите, уапсен е и новинарот Ванг Сијаолу, кој е обвинет за ширење лажни информации за падот на индексот на кинеските берзи. Тој дури и бил принуден на национална телевизија пред камери да признае дека е крив дека предизвикал губиток на берзата.

Пред две години, кинеските власти воведоа можна тригодишна затворска казна за ширење гласини. Таа казна би требало да се однесува на сите кои ќе пренесуваат гласини на интернет, а биде споделена 500 пати или прегледана 5000 пати.

Америка воведува санкции за Кина

САД размислува за тоа да воведе санкции против кинеските компании и поединци за кои се верува дека профитирале од кинеските шпиунирања на тајните американски податоци, објави „Вашингтон пост“.

Одлуката за тоа ќе се донесе за најмногу две недели.

Америка веќе ги изнесуваше сомнежите дека позади хакирањето на податоци стојат кинеските служби, и овие обвинувања ги влошуваат односите на двете најголеми светски економии во моментот кога претседателот на Кина се подготвува за првата посета на САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП