3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПознати се цените на новиот модел на Bugatti

Познати се цените на новиот модел на Bugatti

buga 33

Новиот хиперавтомобил на „Bugatti – Chiron“ ќе чини минимум 2,2 милиони евра, тврди весникот „Car“ кој се повикува на свои извори. За споредба, цените на првите автомобили „Veyron“, кои се појавија пред 10 години, започнаа од 1,3 милиони евра.

Во моментов „Bugatti“ ги одржува последните тестови на новиот модел, а во седиштето на брендот веќе беше спроведена неговата презентација само за одбрани клиенти. Дебито на моделот пред публика ќе се одржи на авто-саемот во Женева во март следната година.

Според првичните податоци „Chiron“ ќе добие хибриден агрегат со вкупна моќност од 1500 КЅ. Во него влегуваат 8,0-литарски W16 со 4 турбини, од кои две ќе бидат електрични, како и 7-степен роботизиран менувач со две спојки.

Се очекува новиот модел да забрзува од 0 до 100 км/ч за 2,3 секунди, а максималната брзина да надминува 440 км/ч. Поради тоа километражата на возилото ќе биде гравирана до 500 км/ч.

Од „Chiron“ ќе бидат произведени 500 примероци, а се предвидуваат неколку специјални верзии, како и отворена модификација. При највисоките нивоа на опрема цената ќе надмине 3 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП