16 јуни, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЗлатниот паметен часовник на LG

Златниот паметен часовник на LG

wlg

Јужнокорејскиот производител на електроника „LG“ претстави паметен часовник од 23-каратно злато. Акцијата е дел од напорите на компанијата да се бори со паметниот часовник на „Apple“ во луксузниот сегмент.

Златниот часовник ќе чини само 1.200 долари, а ќе бидат произведени само 500, од ​​кои секој со свој уникатен сериски број. За споредба ривалот на „Apple“ чини 10.000 долари.

Така компанијата се ориентира повеќе кон продажба на најпаметните часовници како накит, насочени кон корисниците со високи приходи.

wlg1

Во март американскиот производител „Apple“ го претстави 18-каратниот златен „Apple Watch“, насочени кон богатите. Продажбата на паметни преносни уреди расте со вртоглаво темпо. Во вториот квартал биле продадени вкупно 18.1 милиони уреди, или за 223% повеќе во споредба со само 5,6-те милиони уреди од истиот период од минатата година.

Најголем играч во секторот се уште е производителот на паметните спортски нараквици „Fitbit“, следен се одблизу од „Apple“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП