19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЛуксуз на квадрат: BMW 750Li Individual и 740Le (фото)

Луксуз на квадрат: BMW 750Li Individual и 740Le (фото)

lu ind

„BMW“ во јуни ја претстави новата, шестта генерација на топ лимузината. Пред саемскиот настап во Франкфурт и почетокот на продажбата која е најавена за наесен, баварската компанија објави серија фотографии од најлуксузната верзија „750Li Individual“, но и модел со хибриден погон „740Le“.

Двата модели се дел од верзијата со продолжено меѓуосовинско растојание кое изнесува 3.210 mm, така да привилегираните патници на задните седиште ќе уживаат во вонсериски комфорт.

lu ind1

„BMW 750Li Individual“ под хаубата крие најсилен бензински мотор, 4.4 TwinPower Turbo V8 кој произведува 450 ks (330 kW) и 650 Nm.

До „стотка“ забрзува за 4,4 s, пред да го достигне фабричкото ограничување од 250 km/h.

lu ind2

„BMW 740Le“ погон добива од четирицилиндарскиот 2.0 TwinPower turbo бензинец потпомогнат од електромотор со 95 ks (70 kW).

Вкупната комбинирана моќ е 326 ks (240 kW), па автомобилот до 100 km/h достигнува за 5,5 s и развива максимални 240 km/h.

lu ind3

„BMW“ тврди дека просечната потрошувачка изнесува само 2,1 l/100 km и дека е можно со возилото да се поминат и до 40 km само со помош на електрична енергија од погонските батерии.

При возење само во „electro mode“, максималната брзина е лимитирана на 120 km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП