18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРоснефт забележа пад на профитот од 22 проценти

Роснефт забележа пад на профитот од 22 проценти

rosfneft20054

Рускиот нафтен гигант „Роснефт“ забележа пад на профитот поради пониските цени на нафтата, објави „ВВС“.

Нето добивката меѓу април и јуни изнесува 134 милијарди рубљи (2 милијарди долари), што е пад од 22% во однос на истиот период од минатата година. Приходите изнесуваат 1,3 илјади милијарди рубљи (19,5 милијарди долари).

И покрај падот сепак резултатите се подобри од очекувањата на аналитичарите.

Во вториот квартал на минатата година цената на нафтата беше повеќе од 100 долари за барел, додека оваа година таа е меѓу 55 и 65 долари за барел.

Слабата рубља помогна да се компензираат пониските цени. „Роснефт“ ја продава нафтата во долари, што значи дека слабата валута ја зголемува цената на нафтата во рубљи.

И покрај падот на цената на нафтата, компанијата го задржала производственото ниво во текот на кварталот или во просек од околу 5,2 милиони барели на ден.

Според компанијата, првите шест месеци од оваа година се карактеризираат со големи флуктуации на цените на нафтата и на девизниот курс, повисоките транспортни трошоци и даночно оптоварување, како и високи каматни трошоци како резултат на променетата основна каматна стапка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП