18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSprint со агресивен потег против AT&T

Sprint со агресивен потег против AT&T

sprint-verizon-att2222

„Sprint Corp.“ ја води ценовната војна на пазарот на безжични услуги во САД кон сосема ново ниво.

Операторот објави дека ќе обезбеди бесплатна безжична услуга за една година на сите претплатници на „DirecTV“, кои ќе се префрлат на „Sprint“. Тоа е директен напад против „AT&T“, која неодамна заврши со купување на давателот на сателитска телевизија „DirecTV“ за 49 милијарди долари.

Насочувањето на претплатниците на „DirecTV“ кон услугите на „AT&T“ е клучен дел од планот на операторот, поврзан со купувањето.

Предлогот на „Sprint“ е храбар потег во една индустрија која веќе се наоѓа во голема ценовна војна. Минатата година „T-Mobile US“ започна да им плаќа на своите корисници стотици долари за да направат трансфер од една услуга кон друга – чекор што другите оператори, вклучувајќи го и „Sprint“, го следеа.

„AT&T“ и „Verizon Communications“ возвратија на ударот, така што понудија поголеми количини на податоци за пониски цени.

„AT&T“ ја одреди насоката на „Sprint“, како чин на конкурент со слабеење на позициите.

„Sprint“ губи претплатници веќе неколку години, а едвај стартуваше со промена на својата насока, па да го надмине проблемот. Во кварталот кој заврши на 30-ти јуни, компанијата успеа да се здобие со 320 илјади нови корисници.

Компанијата соопшти дека ќе им предложи на сите претплатници на „DirecTV“ кои ќе направат трансфер, пакет, кој вклучува неограничени повици, текстуални пораки и до 2 гигабајти податоци за еден месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП