20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на европските берзи

Раст на европските берзи

berza evropa

Цените на акциите на европските берзи денеска значително пораснаа, благодарение на стабилизацијата на азиските пазари на капитал и надежите дека каматните стапки во САД нема да бидат зголемени веќе во септември.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции околу 11.00 часот беше во плус 2,4 отсто, откако вчера падна за 1,9 отсто.

Лондонски FTSE индекс истовремено беше на добивка од 2,0 отсто, на 6.098 поени, додека париски CAC скокна за 2,60 отсто, на 4.617 поени, а франкфуртски DAX од 2,80 отсто, на 10.279 поени.

Европските инвеститори ги охрабри вчерашниот скок на цените на акциите на Волстрит за речиси 4 отсто, најмногу за четири години, што се должи на надежите дека американската централна банка ќе ја одложи одлуката за зголемување на клучните каматни стапки до крајот на годината или за почетокот на следната година.

Претседателот на подружницата на Фед во Њујорк  Вилијам Дедли вчера изјави дека изгледите за зголемување на каматите на централната банка веќе во септември сега е помал од што бил пред една недела поради превирањата на финансиските пазари, предизвикани со забавување на растот на кинеската економија.

„Скокот на Волстрит и стабилизацијата на азиските пазари ги поттикна европските берзи. Моите краткорочни индикатори говорат дека берзите достигнаа дно на почетокот на неделата“, вели Јон-Марк Валаху, портфолио менаџер во фондот Clarinvest.

Откако во изминатата недела потонаа за 20 отсто, вчера кинеските берзански индекси се стабилизираа, што ги буди надежите дека мерките на локалните власти конечно даваат резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП