29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault Talisman доби караван верзија (фото+видео)

Renault Talisman доби караван верзија (фото+видео)

r talisman

По лимузината, сега имаме можност да погледнеме како изгледа караван верзијата на моделот „Talisman“. Двете возила ќе имаат светска премиера на 15-ти септември на саемот за автомобили во Франкфурт.

„Renault Talisman“, кој во понудата на францускиот производител ќе ги менува „Lagunа“ и „Latitudе“, припаѓа во „D“ сегментот.

r talisman1

Иако возилата од оваа класа не се меѓу најбараните, само во Европа годишно се продаваат преку милион автомобили. Покрај верзиите со 4 и 5 врати, тука се вбројуваат и караваните кои ги освојуваат купувачите пред се поради својот голем багажен простор.

Поради тоа не е ни чудно што „Renault“, веднаш по лимузинската, во понудата на пазарот ја вметна и караван верзијата на „Talisman“.

r talisman2

Овој автомобил ќе има задача да се избори со конкурецијата која ја предводат „VW Passat Variant“ и „Opel Insignia Sport Tourer“.

„Talisman Estate“ е подолг од седанот за 10 mm (4.860 mm), додека во ширината (1.870 mm), висината (1.460 mm) и меѓуосовинското растојание (2.810 mm), димензиите се непроменети.

r talisman3

Интересно е дека караванот заостанува зад лимузината кога станува збор за основниот багажен простор.

Имено, „Talisman Estate“ располага со 572 литри, ако се смета само до преградата која се наоѓа во висина на горната ивица на наслонот на задните седишта, додека багажникот во седанот нуди дури 608 литри.

r talisman4

Сепак, предност кај караванот е во тоа што багажникот по потреба може да се нареди до покрив, додека со навалување на задните седишта, максималната зафатнина расте на 1.700 литри.

Со исправени задни седишта во багажниот простор можат да се сместат предмети со должина до 1.116 mm, a со нивно преклопување употребливата должина изнесува дури 2.010 mm.

r talisman5

Во цел на покомфорна и практична манипулација, „Renault“ на купувачите им нуди опција вратата од багажникот да се отвора по електронски пат, така што ќе се помине со стапалото под задниот браник.

Уште една предност во однос на лимузината претставува дополнителниот 30mm простор меѓу покривот и главата на патниците кои седат позади.

r talisman6

Моторите се превземени од седанот – купувачите на располагање ќе имаат два бензинци и три дизели.

Бензинските опции вклучуваат и турбо-полнење на моторите „TCe 150“ и „TCe 200“ (со 150, односно 200 ks), кои се поврзани исклучиво со седумбрзински автоматски менувач со двојно квачило.

r talisman7

Oние кои ќе се одлучат за дизел верзија, можат да изберат меѓу „dCi 110“ и „dCi 130“ единиците (со 110 и 130 „коња“).

Oвие два мотори се комбинираат со шестстепен менуелен или изборен седумбрзински менувач со двојно квачило (EDC).

Во понудата ќе биде и „dCi 160“, твин турбо-дизел, кој произведува 160ks, a кој е достапен во ексклузивно во комбинација со шестбрзински автоматски менувач со двојно квачило.

Караванот „Talisman“ во продажните салони ќе пристигне на почетокот на 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП