26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто се случува со Швајцарија, од каде рецесија?

Што се случува со Швајцарија, од каде рецесија?

svis 33

Во петок најверојатно Швајцарија ќе потврди дека влегла во првата рецесија од 2009-та, што е јасен знак дека економијата на земјата и понатаму се бори со притисокот на високиот франк.

Тимот на „Ројтерс“ од 12 финансиски аналитичари прогнозираат дека швајцарскиот бруто домашен производ кој тежи 690 милијарди долари, ќе опадне за 0,1 проценти во вториот квартал. Тоа ќе биде прв пат за шест години, освен ако податоците за растот на БДП за првиот квартал не бидат ревидирани со првобитните минус 0.2 проценти, во двата последователни квартали да се бележи еконосмки пад, што ќе ја втурне Швајцарија во рецесија.

Економистите очекуваат дека овој пад ќе биде краткотраен и дека последиците од одлуката на Швајцарската централна банка донесена во јануари оваа година за укинување на лимитот на курсот на франкот, ќе бидат поблаги отколку што се стравува.

„Сведоци сме дека силниот франк си го зема својот данок во швајцарската економија, но при крајот на јануари мислевме дека резултатите ќе бидат уште по изразени“, наведува за „Ројтерс“ директорот на швајцарскиот економски институт „КОХ“, Јан Егберт Штурм.

Франкот се зголеми по одлуката на Швајцарската народна банка да го укине ограничувањето на неговата вредност на 1.20 франци за евро, кое беше на сила од септември 2011-та. Лимитот беше воведен воглавно за да се заштити економијата која се базира на извоз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП