17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусите се откажуваат од се, но од Црна Гора не!

Русите се откажуваат од се, но од Црна Гора не!

cg navecer

Русите оваа година бараат аранжмани за дестинации, како што се Црна Гора, Египет и Виетнам.

Поради девалвацијата на рубљата и флуктацијата на валтутата, побарувањата за туристичките аранжмани во странство, во Русија оваа година забележа пад од 40 до 50 отсто. Единствено Црна Гора, Египет и Виетнам го задржаа минатогодишното ниво, пишува денешен московски „Комерсант“.

Весникот наведува дека ова се податоци од Рускиот туристички сојуз (RTS) и Асоцијацијата на туристичките оператори во Русија (ATOR).

Дневникот пишува дека формално до крајот на сезоната остана уште еден месец, но туристичките агнеции се сомневаат дека ќе дојде до подобрувања на бројките.

„Состојбата ќе се нормализира доколку курсот на рубљата ќе се фиксира на некое ниво“, вели претставничката на „RTS“, Ирина Тјурина.

Овогодишното лето е второ неуспешно за руските туристички организации, наглиот пад на побарувачката за организирани туристички аранжмани започна минатото лето, кога неколку големи туристички компании поради финансиски проблеми објавија банкрот, а на пазарот се појави криза на недоверба.

Состојбата дополнитело се искомплицира со падот на курсот на рубљата, наведува „Комерсант“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП