6 октомври, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJaguar пушта ривал на Audi Q1

Jaguar пушта ривал на Audi Q1

pace 933

Според најновите информации, се очекува „Jaguar“ на пазарот да пушти цело семејство кросовери, пишува весникот „Autocar“, кој што се повикува на свои извори во британскиот производител.

Првиот „SUV“ на брендот – „F-Pace“, ќе се појави уште оваа година, а во почетокот на следната треба да биде подготвен компактен кросовер, кој според димензиите ќе биде споредлив со претстојниот „Audi Q1“ и „MINI Countryman“.

Се претпоставува дека малиот британски кросовер ќе го добие името „E-Pace“ и ќе биде изграден на платформата на „Range Rover Evoque“. Тој ќе биде еден од вкупно четирите „SUV“ модели на „Jaguar“. Меѓу нив ќе има и крос-купе, што ќе треба да се бори за клиенти со сличните модели на „BMW“ и „Mercedes-Benz“.

Што се однесува до „Jaguar F-Pace“, тој веќе е целосно подготвен за премиера и во компанијата работат на негови различни модификации. Едната од нив ќе биде подготвена од делот „Special Vehicle Operations“, а друга ќе се движи целосно на струја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП