10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЗемјоделците задоволни од динамиката на исплата на субвенциите

Земјоделците задоволни од динамиката на исплата на субвенциите

zemjodelie

Претседателот на Сојузот на земјоделците на Македонија Вељо Тантаров денеска искажа јавна благодарност до Владата за динамиката и навременото исплаќање на субвенциите за земјоделците.

На средбата со новинарите во Битола, Тантаров истакна дека првата државна помош ја добиле тутунарите и сточарите, а од вчера ја добиваат и производителите на пченица, пченка, јачмен, р‘ж и ориз.

– Со оваа владина интервенција им се помага на земјоделците за надминување на проблемите од ланската суша што доведе до голема беспарица и тешкотии во организирањето на новото, годинешно производство на храна во државата. Исплатата на субвенциите за ланското производство се врши три месеци порано и се реализира, а тоа значи дека Владата најде сили и го исполни и овој договор, посочи Тантаров.

Од Сојузот на земјоделците на Македонија информираа дека на владината поддршка ќе возвратат со поголемо производство на храна од своите ораници во 2013 година, бидејќи ќе имаат доволно средства за пролетната сеидба и навремено негување на посевите кои беа уништени од долготрајната суша.

– Во името на сите 192.000 земјоделски домаќинства, искажуваме благодарност до нашата Влада за оваа мерка за производство на повеќе храна и подобар живот на земјоделците во сите земјоделски средини. Ние, во битолскиот дел на Пелагонија имаме околу 30.000 земјоделски домаќинства и очекуваме од субвенции да дојдат повеќе од 10 милиони евра, истакна Тантаров.

Пролетната сеидба на семето за тутун и градинарски култури во Пелагонија се очекува да почне околу 15 април, најави претседателот на Сојузот на земјоделците на Македонија, Вељо Тантаров.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП