30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинезите купуваат недвижности во Токио

Кинезите купуваат недвижности во Токио

tokio 3333

Бројот на странци кои поседуваат станови во јапонската престолнина во последнава година двојно се зголемил. Според статистиките, 10 проценти од становите во Токио се во сопственост на странци, од кои најмногу Кинези.

Една од причините за тоа е пониската цена на недвижностите во Токио во споредба со другите градови, како Хонг Конг.

Некои од најскапите станови во главниот град на Јапонија се наоѓаат во луксузните висококатници со поглед на Токијскиот залив.

Нивната, но и цената на другите недвижости во градот, во последните две години пораснала за 11 проценти и така достигнала највисоко ниво уште од деведесетите години на минатиот век.

Трговците со недвижнини сметаат дека причина за поскапувањето е се поголемата заинтересираност на кинеските инвеститори во Јапонија. Бројот на станови кои ги купиле во првиот квартал од оваа година е три пати поголем во однос од истиот период од минатата година.

Сонг Жанг од агенција за недвижности вели: „Просечната цена на трособен стан во центарот на Токио изнесува околу 400.000 долари, додека ист таков стан во Хонг Конг е повеќе од милион долари. Затоа купуваат во Токио. Повеќето од странците плаќаат во готовина“.

Големата заинтересираност на Кинезите за недвижности во Јапонија, ги навела некои од туристичките агенции за богатите Кинези да организираат излети во Токио преку кои можат да се запознаат со понудата на пазарот на недвижности.

„Кинезите претходно го посетуваа Токио за шопинг и туризам. Но сега доаѓаат и да купуваат станови во модерните висококатници“, наведува еден туристички водич.

Освен желбата да поседуваат станови, некои Кинези во секторот со недвижности гледаат и добра прилика за вложување, особено по поголемиот пад на вредноста на јенот во однос на доларот.

Покрај тоа, порастот на популарноста на Токио се должи и на фактот дека во 2020-та година во овој град ќе се одржуваат Олимписките игри.

Кинескиот инвеститор Гиу Ван Ву вели: „Купив седумкатница. Имам намера да ја направам модерен студентски дом. Уверен сум дека проектот ќе успее бидејки јапонскиот пазар е стабилен“.

Падот на вредноста на јапонскиот јен и ниските цени на недвжностите во Токио во споредба со другите престолнини, се два главни фактори поради кои интересот на кинеските инвеститори за јапонскиот пазар на недвижности нагло пораснал во последниве две години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП