22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКанадскиот на најниското ниво во 11 години во однос на американскиот долар

Канадскиот на најниското ниво во 11 години во однос на американскиот долар

A Canadian dollar is seen next to a series of US dollars Wednesday, January 26, 2011  in Montreal. THE CANADIAN PRESS/Paul Chiasson

Канадската национална валута во понеделникот на крајот од тргувањето на берзата во Торонто го достигна најниското ниво во последните единаесет години во однос на истоимената американска валута – доларот, задржувајќи се на околу 75 американски центи.

Канадскиот луни, како што го нарекуваат уште доларот во оваа земја, беше жртва на нестабилноста на пазарите и постојаното разбивање на цените и изнесуваше 75,27 американски центи, што е дневен пад за половина цент. Последниот пат кога канадскиот долар го затвори трговскиот ден под 76 центи беше на 4-ти август, но три седмици подоцна го достигна нивото од август 2004-та година.

Канадскиот долар започна со падот уште на почетокот од годинава пробивајќи ја психолошката бариера од 80 американски центи во јануари. Во прв ред, врз канадската валута влијае остриот пад на нафтата на светските пазари, како и намалувањето од страна на тамошната централна банка на основните каматни стапки.

Понеделничкото тргување на берзата во Торонто, кое беше наречено „црн понеделник“, исто така, заврши со пад на индексот TSX, кој загуби 3,12 отсто, на 13.052,74 поени. Тргувањето го заврши со загуба на 420,93 индексни поени, а во текот на денот беше во минус и до 750 поени.

Причината за „црниот понеделник“ во Торонто, како и на другите глобални пазари, аналитичарите ја гледаат во стрмоглавиот пад на Шангајската берза, каде што индексот Shanghai Composite падна за 8,49 отсто, на 3.209,92 индексни поени.

„Сега целиот свет е во исчекување на масивна акција на кинеската влада, која треба да дејствува како базука, којашто може да го „разнесе“ сето ова лудило на пазарите“, коментираше за канадската телевизија CBS News, Марк Грант, аналитичар на компанијата Southwest Securities.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП