1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНова верзија и можности со мБанка на Комерцијална банка

Нова верзија и можности со мБанка на Комерцијална банка

mbanka-komercijalna-banka

Комерцијална банка Ад Скопје со новата верзија на мБанка обезбеди поддршка за Android 5, уплата за Diners и увид во лимитите за вршење трансфери.

Со новата верзија на мБанка за Android се овозможува поддршка за работа на уреди базирани на Android 5 (Lollipop), а воедно станува достапна и услугата за уплата на Diners платежните картички, која досега беше овозможена само преку WEB решението за Интернет банкарство за физички лица на Банката.

Врз основа на барањата на клиентите на Комерцијална банка, во делот на прегледот на сметките на корисникот на крајот од листата, корисниците на мБанка отсега ќе можат да ги видат поставените дневни и месечни лимити за вршење трансфери (ПП30 и Diners), како и нивото на искористеноста на истите.

Од Банката ги советуваат своите корисници:

Доколку по преземањето на новата верзија на мБанка кај опцијата Нов налог во листата на услуги не се појавува можноста за уплата на Diners, доволно ќе биде да се освежи листата на услуги со повлекување на листата надолу, по што на крајот на листата на услуги ќе се појави и опцијата за уплата на Diners.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП