10 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОКога твојот „Tweet“ чини 140 илјади долари

Кога твојот „Tweet“ чини 140 илјади долари

lebron-james

Леброн Џејмс, најдобриот кошаркар на денешницата, сакате да го рекламира вашиот производ? Нема никаков проблем, едноставно напишете му чек на износ од 140.000 американски долари.

„Opendorse“, компанија специјализирана за дигитални медиуми и маркетинг кампањи на социјалните медиуми во кои се вклучени и спортистите, објавила дека еден „Tweet“ од популарниот кошаркар, кој во моментов има околу 23,2 милиони следбеници, е најскап од сите спортисти во Америка. Секој промотивен „Tweet“ на овој играч чини 139.474 долари.

Експерти од компанијата велат дека ова е многу ефективен тип на рекламирање, со оглед на фактот дека за да се достигне толкава бројка на потенцијални корисници или клиенти би чинело најмалку пет пати повеќе, кога станува збор за рекламирање на телевизија.

Додека Леброн е убедливо „најскап“, на листата од пет спортисти чии твитови се највредни се наоѓаат Кевин Дјурант (66.553 долари), Коби Брајант (42.389 долари), Флојд Мејведер (34.924 долари) и Двајт Хауард (34.290 долари).

Сепак, експертите од „OpenDorse“ призаа дека рекламирањето на овој начин се уште е запоставено. Компаниите вообичаено плаќаат спортисти помеѓу 1.000 и 2.500 долари, во зависност од спортот и популарноста, а максималниот износ што една компанија го има платено за спортист од New England Patriots чини 20.000 долари, и тоа за време на минатогодишното финале во NFL.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП