3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОколу 270 милијарди долари „избришани“ на европските берзи во утринските часови

Околу 270 милијарди долари „избришани“ на европските берзи во утринските часови

berza 002

Цените на акциите на европските берзи денеска потонаа на најниско ниво за седум месеци, при што само во текот на претпладнето беа „избришани“ 270 милијарди евра вредност на акциите, додека инвеститорите забрзано го повлекуваат капиталот, стравувајќи од последиците на кинеската економија и крахот на тамошниот пазар на капитал.

Паневропаскиот FTSEurofirst 300 индекс, околу пладне беше во минус 3,2 отсто, на 1.382 поени, што покажува дека од изутрината се „избришани“ 270 милијарди евра од вредноста на европските берзи. Сега овој индекс се наоѓа на нивото од јануари.

Истовремено, лондонски FTSE беше во загуба од 2,85 отсто, на 6,011 поени, париски CAC од 2,94 отсто, на 9,826 поени, а франкфуртски DAX од 2,94 отсто, на 9.826 поени. И останатите европски индекси бележат остар пад, при што шпански IBEX и италијански FTSE MIB се намалија за два отсто.

Од почетокот на месецот, откако Кина го девалвираше јуанот, предизвикувајќи страв од глобално економско забавување, на европските берзи избришани се над 1.000 милијарди евра од вредност од акциите.

„Во центар сме на најголемиот страв за економскиот раст, а Кина е епицентарот“, порачуваат стратезите на J.P. Morgan.

И покрај најавата на кинеските власти дека ќе воведат нови мерки за стабилизација на берзите, цените на акциите изутрината во Шангај потонаa за натамошни осум отсто, откако минатата недела нагло паднаа за над 11 отсто. Цените на азиските берзи изутрината остро паднаа, при што MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, денеска беше во минус 5,1 отсто, потонувајќи на најниско ниво за три години.

Сите акции содржани во FTSEurofirst 300 индексот денеска бележат пад, а најмногу производителите на суровини. Индексот STOXX 500 на производители на суровини, кој ги содржи акциите претежно на рударските компании, потона за 5,5 отсто, додека индексот на нафтени и гасни компании падна 3,2 отсто, под влијание на падот на цените на суровините на нови најниски нивоа во последните години, со оглед на тоа дека Кина е најголемиот светски увозник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП