3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG ќе претстави таблет со исклучително моќна батерија

LG ќе претстави таблет со исклучително моќна батерија

lg tab 003

Корејскиот производител на електроника „LG“ објави дека ќе го претстави својот најнов таблет „G Pad II“ на саемот во Берлин кој ќе се одржи следниот месец.

Откако компанијата претстави 8-инчна верзија на таблетот во Јужна Кореја во овој месец, таа планира претставување и на модел со поголем екран. Новиот таблет ќе се одликува со 10,1-инчен дисплеј со резолуција од 1.200 x 1.920 пиксели, како и 224 точки на инч.

Уредот ќе користи осумјадрен процесор „Snapdragon 800 SoC“ со фреквенција од 2.26 GHz. Тоа што ќе биде уникатно во таблетот и се очекува да го привлече вниманието на потрошувачите, е неговата батерија со капацитет од 7.400 mAh, за која од јужнокорејскиот производител тврди дека е најголемата на пазарот во моментов.

Од „LG“ предвидуваат и нов режим за читање на електронски книги – „Reader Mode“, кој го отстранува синото од екранот и го прави читањето полесно за очите.

Оперативниот систем на таблетот ќе овозможува истовремена работа со неколку апликации, како и поставување на две апликации една до друга на екранот. Со апликацијата „Quick Memo +“ корисниците ќе можат брзо да ги споделат и задржуваат содржините, прикажани на екранот. Таблетот ќе биде преинсталиран со „Office“ од „Microsoft“, специјално развиен за оперативниот систем „Android“.

Понатамошни детали во врска со цената и времето за излегувањето на таблетот ќе бидат обелоденети по почетокот на саемот „IFA“ во Берлин на 4-ти септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП