Британската влада го намали својот удел во „Lloyds Banking Group“ до 12,97% – уште еден потег кој води кон целосна приватизација на банката која беше спасена од владата, објави „Ројтерс“.
„UK Financial Investments“, компанијата која управува со учествувата во банки на британската влада, го намали своето учество во „Lloyds“ до 12,97%, објавија денеска од банката.
На „Lloyds“ и беа потребни 20,5 милијарди фунти од парите на даночните обврзници, за да го избегне колапсот во екот на финансиската криза. Значи владата стекна 43% од акциите на финансиска институција.
Британското Министерство за финансии почна да ги продава акциите во септември 2013-та година и се очекува банката да ги врати целосно во приватни раце во 2016-та година.
Министерот за финансии на Велика Британија, Џорџ Озборн изјави во март дека владата остро ќе го намали својот удел во „Lloyds“ и во следната година ќе добие од продажбата најмалку 9 милијарди фунти (14,07 милијарди долари). Според него враќањето на „Lloyds“ кон профит и продолжување на исплатата на дивиденди во оваа година, значи дека владата може да продолжи со своето излегување од овој спасувачки план.