21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку непријавени имигранти има во САД?

Колку непријавени имигранти има во САД?

donal

На почетокот на оваа година ,,Pew Research Centеr” објави дека во Соединетите Американски Држави во 2014 година имало 11 милиони имигранти кои не се регистрирани. Сепак постојат други информации кои говорат дека има 30 милиони непријавени ,,државјани” во Америка.

Се разбира, оваа информација ја произнесе најинтересниот партиски кандидат на Републиканската партија за претседателските избори во 2016 година, милијардерот Доналд Трамп.

,,Изгубивме контрола над нашата држава. Изгубивме контрола над нашите граници. Власта појма нема колку илегалци има во САД. Слушам за бројката од 11 милиони веќе пет години. А потоа пред некој ден слушам дека ги има 30 милиони”, рече Трамп за АБЦ телевизија.

Тој додаде, дека доколку победи на претседателските избори, ќе ги депортира сите илегалци, кој пресметале експертите, САД ги чинат помеѓу 400 и 600 милијарди долари.

Трамп смета дека дури и ,,државјани” на САД, кои тоа го стекнале со раѓањето на територијата на САД, а децата се илегалци, треба да бидат депортирани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП