3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple повлекува серија смартфони iPhone 6 Plus поради проблем со камерата

Apple повлекува серија смартфони iPhone 6 Plus поради проблем со камерата

<> on July 21, 2015 in San Francisco, California.

Американскиот технолошки гигант Apple објави повлекување на серијата неисправни паметни телефони од моделот iPhone 6 Plus поради откриена грешка на задната камера.

Според телевизијата CNN, повлекувањето се однесува главно на апаратите продадени во период од септември 2014 година, кога iPhone 6 Plus всушност беше лансиран на пазарот, до јануари годинава. Количеството на уредите, коишто се предмет на отповикувањето не се прецизирани, меѓутоа од Apple вела дека станува збор за мала серија.

Компанијата наведува и дека идентификуваниот дефект во работата на камерата се состои во тоа што направени снимки со помош на смартфонот не изгледаат јасно.

За да се потврди дали конкретниот телефон е од серијата со грешка, треба да се провери серискиот број на апаратот на специјалната страница на сајтот на Apple. Од компанијата ветуваат дека сите проблеми ќе бидат коригирани бесплатно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП