11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФедерер го освои Синсинати

Федерер го освои Синсинати

afa

Новак Ѓоковиќ и оваа сезона остана без „Златниот Мастерс“ откако во финалето на турниорт во Синсинати загуби од Роџер Федерер.

Швајцарецот славеше во два сета со 7:6, 6:3 и во меѓсебините дуели поведе со 21-20.

Федерер во седмото финале во Синсинати го освои седмиот трофеј, додека Ѓоковиќ го загуби петтото финале на овој турнир.

По Мастерсот во Синсинати двајцата тенисери имаат по 24 титули на турнирите од Мастерс серијата, три помалку од апсолутниот лидер Рафа Надал.

Федерер во Синсинати ја потврди добрата форма, во текот на целиот турнир не загуби сет, додека Ѓоковиќ уште еднаш беше премногу пасивен и само потврди дека не се наоѓа во добра форма пред стартот на УС Опен.

Швајцарецот од понеделник ќе се врати на второто место на АТП листатата што значи дека на УС Опен со Ѓоковиќ ќе може да се сретне само во евентуалното финале.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП