20 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПоглед кон идниот Nissan GT-R

Поглед кон идниот Nissan GT-R

ni gt

Веќе подолго време се шпекулира со следната генерација на „Nissan GT-R“. Најновата информација доаѓа од изданието „TopSpeed“, кое подготви и дигитално фотографија на моделот.

Тој треба да се појави во 2018-та година, тврди весникот, повикувајќи се на свои извори. Следниот „GT-R“ ќе ја задржи позната архитектура на кабината со 4 индивидуални места, а ќе претставува „GT“ автомобил со две врати и релативно голем багажник. Седан верзијата, за каква што се тврдеше дека ќе се појави, нема да има.

Според информациите, моделот ќе го добие хибридниот агрегат на тркачкиот болид „GT-R LM Nismo“. Тој развива 1250 КС, но сепак моќта на автомобилот ќе биде редуцирана.

„Nissan GT-R“ веќе докажа дека не се плаши од дуели. Тој успеа да победи далеку поскапи спортски автомобили, пишува „TopSpeed“, додаваат дека следната генерација на моделот ќе биде формирана во истиот дух.

Ова најверојатно значи дека моделот ќе располага со доста поголема моќност. Актуелниот најбрз „Nissan GT-R“ – верзијата „Nismo“, развива 600 КС. Кај новата генерација индикаторите ќе нараснат, а погонот ќе биде помогнат од електричен мотор. Забрзувањето од место до 100 км/час ќе се оствари за помалку од 2,7 секунди.

Од „TopSpeed“ ​​подготвија дури и фотографија од идната генерација на овој модел. Таа е создадена врз база на најновиот дизајн на „Nissan“, а авторот црпи инспирација не само од овој модел, туки и од претходниот „R34“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП