18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа една недела најбогатите луѓе загубиле 182 милијарди долари

За една недела најбогатите луѓе загубиле 182 милијарди долари

milioneri sad3

Најбогатите луѓе во светот загубиле 182 милијарди долари во последната недела, пресмета „Bloomberg“.

Основна причина за ова се вестите за забрзаното забавување на кинеската индустрија, како и намалувањето на индексите на главните берзи во светот.

Неделниот пад на богатството на 400-те најбогати луѓе во светот е рекорден во историјата на индексот на милијардери. Само во петокот милијардерите го намалиле богатството за 76 милијарди долари, откако S&P 500 заврши со најлошата вредност од 2011-та година.

Општото богаство на најбогатите луѓе во светот веќе е 3.98 илјади милијарди долари или за 74 милијарди долари помалку во однос на почетокот на 2015-та година.

Најголем пад се забележува кај Ворен Бафет, чие богатство се намали за 5% или 3.6 милијарди долари или до 63.4 милијарди долари. Третиот најбогат човек во светот е следен од нафтениот магнат Харолд Хам, кој изгубил 9% или 895 милиони долари. Богатството на 26-те најбогати Кинези пак се намали за 18,8 милијарди долари.

bilioneri 00344

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП