Словенечкиот производител на апарати за домаќинство „Горење“ во првата половина од оваа година работеше со загуба од 6,9 милиони евра, по добивката од 3,1 милиони евра во истиот период од минатата година.
Приходот на „Горење“ во овие шест месеци достигна 557,8 милиони евра, што е 7,8 проценти во однос на 2014-та, стои во финансискиот извештај кој беше објавен во петокот на Љубљанската берза.
Директорот на „Горење“, Фрањо Бобинац наведе дека негативниот резултат е последица на падот на продажбата во Украина и Русија, како и дека раководството превзема мерки со цел да го подобри работењето.
„Брзата реакција на раководството за слабите резултати од продажбата во Русија и Украина и интензивниот маркетинг на другите пазари веќе даваат ефект, што се гледа од подобрата продажба во мај и јуни“, изјави Бобинац, додавајќи дека очекува приходите на „Горење“ на крајот на оваа година да бидат во рамките на поставениот план.
Што се донесува до продажбата во Украина и Русија, раководството на „Горење“ не очекува дека ќе дојде до брзо опоравување. Поради тоа се донесени мерки со кои „Горење“ на тие пазари ќе продолжи да се прилагодува со намалување на продажните трошоци со цел да го зачува досегашниот пазарен удел во продажбата на апарати за домаќинство.
Намалувањето на вредноста на руската рубља и лошата економска ситуација во Украина и минатата година за „Горење“ беа главна причина за лошиот бизинс резултат од очекуваниот, со остварена чиста добивка од 1,2 милиони евра.
Инаку, „Горење“ на рускиот пазар пласира околу десет проценти од своето производство, па станува збор за пазар кој за словенечкиот производител е најважен, пред германскиот.