3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicrosoft во октомври ќе претстави нов таблет, смартфони и паметна гривна

Microsoft во октомври ќе претстави нов таблет, смартфони и паметна гривна

miee

„Microsoft“ подготвува големо претставување на нов хардвер во октомври годинава, соопштува интернет изданието „The Verge“, повикувајќи се на свои извори во компанијата. Палета на компанијата ќе биде ажурирана со „Surface Pro 4“, два телефони од серијата „Lumia“ и „Microsoft Band 2“.

Таблетот „Surface Pro 4“ ќе биде еволутивно подобрување на својот претходник. Не се очекуваат премногу сериозни промени во уредот што ќе го задржи истиот дизајн и големини за да може со него да се користи „докинг“ станица и другите додатоци од „Surface Pro 3“. Таблетот ќе има помоќен хардвер и евентуално екран со висока резолуција. Се очекуваа и одржување на „Windows Hello“ и читач на отпечатоци.

Покрај тоа, компанијата ќе претстави и два смартфони – „Lumia 950“ и „Lumia 950 XL“. За нив се шпекулира веќе подолго време, откако голем дел од податоците за нив завршија на интернет. Се уште не е јасно како точно „Microsoft“ ќе ги користи за да се демонстрира можностите на единствениот екосистем кој „Windows 10“ треба да се формира.

Деби ќе има и паметната гривна „Microsoft Band 2“. За неа нема особено многу информации. Се очекува таа да биде со прилично подобрен и лесен дизајн.

Компанијата ќе има и настан за време на саемот „IFA 2015“ во Берлин, но тоа ќе биде ориентирано најмногу кон „Windows 10“. Хардверот ќе биде оставен за октомври. Првично се очекуваше дека „Microsoft“ ќе претстави смартфоните исто во септември, но изгледа плановите се сменија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП