2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHP забележа пад на приходите во четвртиот последователен квартал

HP забележа пад на приходите во четвртиот последователен квартал

hp kompani

Hewlett-Packard (HP) забележа пад на приходите во четвртиот последователен квартал. Резултатите на компанијата страдаат од слабата продажба на персонални компјутери и слабата побарувачка на нејзините услуги од страна на компаниите, пренесува „Ројтерс“.

Прогнозата на „HP“ за нејзината добивка за годината е коригирана и е доста под очекувањата на аналитичарите.

Главниот извршен директор на компанијата Мег Витман изјави дека факторите кои вршат притисок врз пазарот на персонални компјутери, се очекува да влијаат и во четвртиот квартал, како и во текот на следната фискална година.

76-годишната компанија која се бори да се адаптира на новите услови на пазарот, ќе се подели на две јавни претпријатија подоцна во оваа година. Таа ќе го оддели својот бизнис со персонални компјутери и печатари од брзо растечки бизнис со корпоративниот хардвер и услуги.

„HP“ е близу до крајот на своето повеќегодишно реструктуирање под раководство на Витман, кој ги намали трошоците и се фокусираше на повисока маргина на профит. Планот вклучува и намалување на околу 55 илјади работни места.

Главниот финансиски директор Кејти Лесјак коментира дека компанијата очекува бројот на отпуштените да се зголеми за 5% до крајот на октомври.

Безмилосниот пад во продажбата на персонални компјутери се одразува многу негативно на резултатите на компанијата. HP забележа пад во продажбата во 15 од последните 16 квартали. Намалувањето на глобалната продажба на персонални компјутери се влоши во текот на вториот квартал на 2015-та година, бидејќи клиентите го очекуваа излегувањето на „Windows 10“ во јули.

Како резултат на тоа, приходите на „HP“ од нејзиниот бизнис со персонални компјутери и печатари, кој е нејзиниот најголем, се намалува за 11,5% во третиот квартал, завршен на 31-ви јули.

Единицата одговорно за бизнис услугите, забележа пад на продажбата од 11%.

За целата фискална година, која завршува во октомври, „HP“ очекува приспособена профит од 3,59-3,65 долари по акција, што е под просечната прогноза на аналитичарите – 3,64 долари за акција.

Вкупниот износ на приходите се намалува за 8,1% или до 25,35 милијарди долари во третиот квартал, што во голема мера е пад поради силниот долар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП