24 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ: Предвремените избори во Грција нема да влијаат врз програмата за помош

ЕУ: Предвремените избори во Грција нема да влијаат врз програмата за помош

atina 3203

Висок преставник на Европската унија (ЕУ) денеска рекол дека предвремените избори во Грција нема да влијаат брз програмата за помош која Унијата и ја одобри на Грција неколку часа пред оставката на грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Запрашан дали изборите ќе ја промената бројката на договорена програма за помош, лидерот на европската работна група која ја подготвува одлуката за состанокот на министрите за финансии на еврозоната, Томас Висер за австриски ORF изјавил дека „ова било очекуван и за многумина посакуван потег за да се добие појасен став на грчката влада“.

Грчкиот премиер во четвртокот поднесе оставка, надевајќи дека на предвремените извори ќе ја зацврсти својата власт, по седуммесечниот мандат во кој се бореше со грчките кредитори за подобар договор за спасување на својата презадолжена земја, но на крајот мораше да попушти.

Ципрас му ја предаде својата оставка на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и замоли да се одреди што поскоро датум за одржување на нови избори.

Владини претставници изјавиле дека целта е изборите да се одржат на 20-ти септември, додека Ципрас настојува да ја сузбие побуната во својата левичарска партија СИРИЗА и да обезбеди поддршка од јавноста за третата програма за финансиска помош, која тој ја договори.

Грчките медиуми пренесуваат дека лидерот на главната опозициска партија, Вангелис Мермаракаис во петок ќе се состане со претседателот на земјата за да добие мандат за формирање на влада. Распоредот на силите во грчкиот парламент е таков што има мали изгледи за партијата Нова демократија да состави влада, што значи дека предвремените избори се логичен резултат од оставката на Ципрас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП