3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung им нуди тест-период на корисниците на iPhone

Samsung им нуди тест-период на корисниците на iPhone

apple-vs-samsung

Најголемиот светски производител на паметни телефони – јужнокорејската компанија „Samsung“ се обидува на секој начин да ја запре доминацијата на американскиот конкурент „Apple“ во највисокиот сегмент.

Последните напори на „Samsung“ вклучуваат понуда за едномесечен тест на новите уреди од највисоката класа на компанијата за сума од 1 долар.

Кампањата е насочена кон корисниците на „iPhone“, кои ќе треба да се откажат од уредите во рок од еден месец. За оваа „жртва“ тие ќе добијат „Galaxy S6 Edge“, „Edge +“ или „Galaxy Note 5“ заедно со активирана „SIM“ картичка од оператор кој тие ќе го изберат.

Корисниците кои нема да ги вратат добиените уреди по 30 дена, ќе им бидат фактурирани со полната цена на смартфоните. Уредите ќе пристигнат заедно со претходно платена поштенска кутија за полесно враќање на смартфоните.

test sams

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП