29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗШкода продала милион возила

Шкода продала милион возила

SKODAOctavia-4699_2

Шкода и покрај кризата која го зафати европскиот автомобилски пазар во 2012-та година ја зголемиле продажбата за 6.8 проценти во однос на 2011-та година. Во изминатата година чешкиот производител на купувачите ширум светот им испорача 939.200 возила.

Меѓутоа и покрај тоа, добивката од продажбата е помала отколку во 2011-та година, а причината за тоа се поголемите инвестиции во 2012-та.

„ Инвестициите пораснаа за околку 50 проценти или на 832 милиони евра. Со тоа направивме услови за поголем раст во иднина“, изјави за новинарите претседателот на управниот одбор, Винфрид Вахланд.

Најголемите вложувања во 2012-та година се однесуваат за новите производни линии на третата генерација на моделите Октавија и Шкода Рапид.

„ Ние сме оптимисти. Очекуваме со новите модели да оствариме одлични резултати и во 2013-та година“, додава Вахланд.

Чешкиот автомобилски гигант произведе 944.400 возила во 2012-та година, а најмногу автомобили има продадено во Западна Европа и Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП