22 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗHonda го покажа кросоверот BR-V

Honda го покажа кросоверот BR-V

brv 00229

Јапонската компанија Honda ја покажа првата официјална фотографија на кросоверот „BR-V“. Моделот ќе дебитира на претстојниот автомобилски саем во Индонезија, а уште од сега е јасно дека нема да се нуди во Европа.

„BR-V“ ја користи базата на миниванот „Mobilio“, а реално претставува негова кросовер верзија. Автомобилот е опремен со повисоко тло, различен дизајн и заштитни елементи на каросеријата. Внатрешноста и задниот дел во овој момент остануваат мистерија.

Исто како „Mobilio“, новиот „BR-V“ нуди место за 7 лица и е водечки во сегментот просторноста во кабината, покажуваат информациите од „Honda“. Уште во основната верзија ќе се нудат системите „ABS“, „EBD“ и „VSA“, како и богата опрема, вклучувајќи посебна вентилација за вториот ред седишта.

Погонот на „Honda BR-V“ е доверен на атмосферскиот бензински мотор со зафатнина од 1,5 литри. Агрегатот од серијата „i-VTEC“ развива 120 КС и 145 Нм, а може да биде во комбинација со рачен менувач со 6 брзини или со „CVT“ трансмисија. Погонот е на предните тркала.

Во моментов „BR-V“ е во стадиум на прототип. Сериската верзија на моделот, сепак, ќе биде целосно аналогна. Според информациите производството на овој автомобил ќе стартува во јануари 2016-та година во фабриката на компанијата која се наоѓа во Индонезија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП